Патувај во царството небесно: Благица Павловска неутешна - остана без Белисима

Ја најдов во црква и ја чував од срце во мојот дом, Благица Павловска ја испрати Белисима во царството небесно.

Со голема тага, фолк-ѕвездата Благица Павловска сподели дека починало нејзиното куче Белисима. И тоа токму вчера, на големиот празник Света Петка.

„За жал на денешниов ден Петковден си замина душата на мојата миленица, Белисима. Белисима ја најдов во црква, оставена од сопственици и ја чував од срце во мојот дом... Патувај во царството небесно ангелу мој. 

И раката и душата на серискиот убиец на сите мои миленици, нека Бог ја осуди. Амин“, напиша видно потресената пејачка.

Инаку фолк-ѕвездата е голем љубител на домашни миленици. Таа често на својот Фејсбук профил споделува фотографии од напуштени кучиња со апел за вдомување и е голем поборник за згрижување на уличните кучиња.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек. Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми. Во последното нејзино интервју за Женски магазин таа зборуваше за нејзината голема верба во Бога, но го сподели и мислењето за коронавирусот, што според неа е измислена болест.