ПАТУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА ВКУСОВИТЕ СО ИТАЛИЈАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ НА COOP

Италијанската кујна е една од најпознатите, најобожаваните и највлијателните кулинарски традиции во светот. Позната по употребата на свежи, висококвалитетни состојки и едноставни, но вкусни рецепти, италијанската храна се разликува според регионите, но својот идентитет го базира на традицијата и семејството.
Историјата на типичната италијанска кујна датира од антички Рим и ги инкорпорира локалните состојки, културолошките влијанија и специфичните техники за приготвување на храна. Најпознатите јадења и италијански производи се интернационално познати; тука е се разбира, пицата со сите нејзини варијации, пастата, маслиновото масло, свежите зачини, доматите и различните видови сирење од кои најпознати се Parmigiano Reggiano и моцарела. Секој од италијанските региони има јадење кое е каратеристично, како на пример ризото кое е типично за северот од Италија, додека пак јадењата кои се приготувуваат во јужните региони содржат избоилство домати и многу зачини. Но, она што е заедничко е дека секое италијанско јадење не е само обичен оброк, тоа е начин на живот, ритуал кој ги поврзува луѓето и претставува прослава на традицијата, вкусовите и радоста на живеењето.
Преку големиот број италијански брендови кои можат да се најдат во Тинекс маркетите, македонските потрошувачи имаат можност да уживаат во врвниот вкус на јадењата приготвени со овие внимателно избрани производи. Еден од најпознатите дистрибутери на италијанска храна е COOP – бренд кој ексклузивно е достапен во Тинекс. Кога станува збор за италијанска храна, COOP е синоним за автентичност и квалитет веќе 170 години. Оваа приказна започнува во 1854 година во Торино, кога е отворена првата кооперативна продавница со единствена мисија - да им обезбеди на потрошувачите врвни производи по достапни цени.
Денес, COOP претставува еден од најголемите малопродажни синџири во Италија, со мрежа од над 500 квалификувани производители кои ги следат најстрогите стандарди за квалитет. Нивната посветеност кон квалитетот се потврдува преку строгата политика за производство без ГМО, вештачки бои, палмово масло и вештачки ароми.
Во Тинекс маркетите може да се најде огромен избор од овие италијански производи, како кафе кое доаѓа во класична варијанта, но исто така и во алтернативни вкусови со додатоци на житарки и женшен, џемови и компоти, здрави колачи за сите вкусови, состојки за приготвување на италијански рецепти, како и козметика и средства за одржување на хигиената во домаќинството.
ПР објава