Пејачката Наташа Беквалац се стопи: Момче се појави на сцената и и подари роза (ВИДЕО)

- Мислев дека никој повеќе нема да ми го украде срцето. Ми велат, ќе биде кога најмалку очекуваш ... Така и беше ... - е дел од објавата на пејачката

Наташа Беквалац (40) доживеа изненадување во Будва кое целосно ја трогна, а како што призна и самата - немало индиции дека некој повторно ќе и го украде срцето.

Се до синоќа, кога едно слатко момче излезе на сцената на локалот каде што пееше, со цвет во рацете.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)


- Мислев дека никој повеќе нема да ми го украде срцето. Ми велат, ќе биде кога најмалку очекуваш ... Така и беше ... Некаде околу 23 часот ... Будва, клуб ... На сцената која е мое поле ... Поздрави го тато и бакни ја мама ... И честитај им... ... ќе знае мајка ти зошто - напиша Наташа во описот на видеото што го објави.


- Само ако воспитаме машки деца вака, можеме да го спасиме светот. Љубовта ќе го спаси светот - објави таа на стори на Инстаграм.


Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

Можеби ќе ве интересира:

Наташа Беквалац за ќерките: Не коментирајте ги различните презимиња, така е како што е