Пеколни температури: Министерот Филипче со препораки за заштита од топлотен удар

Првиот човек на здравството зо земјава, Венко Филипче со апел до граѓаните за заштита од пеколните температури.

Според Управата за хидрометеоролошки работи во последните два дена од месец јули не очекуваат високи температури до 40-тиот степен. Земјава ќе биде зафатена од алертна жолта фаза. Овие пеколни температури може да предизвикаат топлотен удар, затоа министерот аплира:

Доколку немаат потреба граѓаните да останат  во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворено почесто да се одмараат под сенки. Исто така, доколку се движат граѓаните во период од 10 до 17 часот да носат светла и лесна облека, шапка за заштита од сонце и наочари.

Во овие топли денови да се избегнува алкохол и мрсна  храна, да се консумира повеќе овошје и зеленчук, но и да се пие многу вода.

За да не дојде со топлотен удар при влегување во автомобил, возилото одреден период да се проветри

А на хронично болните лица им  се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Според информациите од УХМР намалување на температурата се очекува во сабота кога се очекуваат дождови, а веќе наредниот ден во недела температура ќе се искачи до 34 степени.