Пере објави фотографија со наследничките: Сите зборуваат само за еден детаљ

Добивај вести на Viber

Фронтменот на групата „Нокаут“, Никола Перевски - Пере пред крајот на ноември стана татко по трет пат. Семејството Перевски е богато за уште еден член, ќерката Софиа. 

Малата Софиа ја донесоа дома за Св. Никола, а во тоа прилика познатиот музичар напиша:

„Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко, Софиа. За многу години св.Никола.“

Дека Пере е внимателен татко и дека на своите три ќерки им дава еднаква љубов говорат и фотографиите кои тој ги споделува на социјалните мрежи. Па, така вчера го честиташе со Божиќ со фотографија на која прегрнати позираа тој и неговите ќерки.

„Трите ѕвездички: Миа, Каја и Софиа. Среќен Божиќ и од нас“ - напиша познатиот пејач покрај фотографијата, која ја сподели на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)


Но, она што сите го забележаа е сличноста помеѓу двете постари сестри. Иако не се близначки, тие личат толку многу што доколку не би ја знаеле оваа информација, сигурно би помислиле дека е така.