ПЕСОК ТОРТА: Совршен спој на крем од ванила, кокос и ореви

Добивај вести на Viber

Кога немате многу време за подготовка на колачи, или не сте расположени да потрошите премногу време во матење на филови и печење на кори, можете да се одлучите за песок тортата која не се пече.

Песок тортата се прави брзо, а состојките се такви што нема шанси некој да може да ѝ одолее.

Состојки:

1 литар млеко;

4 пудинга од ванила;

300 грама шеќер;

250 грама маргарин;

200 грама мелени бисквити;

200 грама кокос;

200 грама мелени ореви;

шлаг за декорација.

Начин на подготовка:

Сварете ги 4-те пудинга од ванила, но не според упатството на ќесичките, туку во 1 литар млеко. Пудингот изладете го и во него додадете маргаринот, кој претходното ќе го изматите со шеќер.

Смесата поделете ја во три дела. Во едниот дел додадете го кокосот, во другиот мелените ореви, а во третиот мелените бисквити. Пундигот треба да биде доволно цврст за да може да се мачка.

Во калап за торта прво ставете го филот со бисквити, па филот со кокос, а на крајот оној со ореви. Тортата потоа декорирајте ја со изматен шлаг. По желба, оставете ја тортата во фрижидер за да се стегне.

Добар апетит!


фото: Shutterstock