Пет години го бара исчезнатиот татко: Душан Илиевски боледува од склероза, а многумина тврдат дека го виделе низ Скопје

Преку фејсбук и групите на оваа социјална мрежа се бара човек кој е исчезнат дури пред пет години. 

„Дали некој го видел овој човек? Се вика Душан Илиевски (Сандокан) и веќе пет години е исчезнат... Човекот боледува од склероза. Семејството упатува апел, ако некој го види веднаш да се јави на 071 331 574 Јовица Илиевски.

Ве молам, споделувајте за поскоро да се врати кај своето семејство.
Бог да ве благослови!!!“, напишал Оливер Петровски, споделувајќи го тоа во групата Хуманитарна организација Свети Спас.

А во коментарите на постот стои дека пет години е предолг период за да се побара несреќниот исчезнат човек.

Јовица Илиевски, кој му е син на исчезнатиот Душан, за Фактор ја сподели својата емотивна приказна. 

Семејството за помош се обратило во Министерството за внатрешни работи, од каде им ветиле дека ќе спроведат потрага по исчезнатиот човек. 
Јовица вели дека од неколку роднини и пријатели има информации дека човекот е виден во Драчево. Тој всушност, сега живее како бездомник.

Текстот продолжува на Фактор.мк