Пет причини зошто е добро да имате сестра

Добивај вести на Viber

Сестрата е личност за која најмногу се грижите, најмнногу ја сакате, а понекогаш и најмногу ве нервира.  Сестрата е ваш искрен партнер во секоја ситуација, уште од детството е ваше рамо за плачење и најдобра другарка.

Ова се научно докажани причини зошто е добро да имате сестра:

1.Таа е поттик за ментално здравје

Едно истражување покажало дека сестрата може да ви биде поттик за вашето ментално здравје и самопочитување. Истражувањата покажале дека сестрата помага на браќата и сестрите да не се чувствуваат осамено, виновни за нешто друго, да не се плашат и да не се безобразни.


2.Сестрата не прави сочуствителни

Сестрата ни помага да даваме повеќе од себе, да биде љубезни и сочувствителни кон другите. Сестрата влијае да ги покажаме позитивните особни, љубовта и почитта.

-Дури и кога ќе се скарате, се додека чувствувате љубов една кон друга, позитивните чувства ќе победат, објаснува професорката Лаура Падила Вокер.


3.Сестрата ни помага да ги подобриме меѓучовечките односи

Сестрата ни помага да научиме многу повеќе за решавање на кавгите, емпатијата и грижата за другите. Ако имате постара сестра тогаш, имате прилика да научите како да се однесувате со тешките аргументи.

Од друга страна, помладиот брат или сестра кои се несигурни во себе и кои треба некој да ги води, старите сестри помагаат да бидат подобри.


4.Сестрата не учи да бидеме независни и амбициозни

Истражувањето на британскиот психолог од 2009 година, покажало дека луѓето кои пораснале со постара сестра се понезависни од оние кои имаат само брат.


5.Сестрата ни помага да воспоставиме рамнотежа

Според истражувањето на професорот Тони Кесидиј и неговите соработници, во кое учествувале 571 ученик на возрасот од 17 до 25 година, покажало дека сестрите можат да помогнат на браќата и помалите сестри да го пронајдат сопствениот мир.