Петар Георгиевски – Камиказа за Велигден: Бог ме врати во живот трипати и ми го даде најголемиот подарок- мојата внука

Добивај вести на Viber

Големиот христијански празник Велигден, актерот и фронтменот на „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа (65) и неговата сопруга Даница (58) актерка во МНТ ќе го прослават во кругот на семејството.

Нивниот син Христијан Георгиевски ( 38) е магистер по Бизнис Администрација - При државниот Економски Факултет во Љубљана. Експерт е за Дигитален Маркетинг повеќе од 10 години. Снаата Марија Георгиевска е магистер по Бизнис Администрација при Универзитетот Франклин во Колимбус. Пред една година ја добија ќерката Нина.

Ќерката Кристина Георгиевска е графички дизајнер која завршила Арт и дизајн - визуелни уметности и МБА - мастер за бизнис и администрација на UACS и е Ивент Менаџер и работи во фамилиарната компанија КЛС Евент која постои веќе 25 години.

ЖМ: Практикувате ли молитва и пост кои се подготовки за празникот?

- Се разбира. Ги пактикувам целите велигденски пости веќе 30 години со сите канонски правила.Секојдневно, уште со отварање на очите ја кажувам молитвата Оче наш, за  благодарност за новиот ден и предизвиците. 

ЖМ: Велигден е празник кој обединува повеќе генерации на празничната софра. Каде ќе го прославите и со кого ќе бидете опкружени на овој ден?

-Велигден и Петров ден традиционално сме собрани сите заедно со целата фамилија како и на Божик.

ЖМ:  Се трудите ли да ги пренесете во наследство на своите деца? На што го ставате акцентот?

-Сите се со голема верба во Бога,бидејќи од мали се воспитувани во тој дух. Свети Пантелемон ни е духовен дом и одмор за душата, како и муабетот со монахот Пантелемон.

ЖМ: Празникот ги буди спомените врзани за семејството. Може ли да се присетите на прославите во вашето детство и да одвоите по што најмногу го паметите?

-По бојадисаните јајца, кои еден период скришум се бојадисуваа и се кркавме чукавме за Велигден. Тоа беше во моите рани детски години, кога црквата и Велигден не смееа јавно да се слават, поради ригидност на системот кој во подоцежните годи попушти. Одењето во црква и крцкањето со јајца стана традиција.

ЖМ:Во еден неврзан разговор ми рековте дека најголемиот дар од Бог ви е внуката?Која нова димензија на животот ја откривте кога станавте дедо?

-Ми стана појасно дека децата се преодна фаза за внуци. Додека тие растеа , некако имавме малку слободно време за целодневна дружба со нив. Сега е друго., Сопругата поминува речиси пола ден со Нина. А и јас редовно тркнувам да ме наполни со енергија и насмевки. Нина ми е најголем дар. Сполај му на бога за тоа.

ЖМ:Велигденските празници не оттргнуваат од секојдневието, а со тоа се создава можност да се запрашаме каде сме, каде грешевме, за да ни биде подобро. Практикувате  ли да се анализирате себеси?

-Со божија помош и интуицијата која ми ја дава токму Бог, се трудам секој ден да бидам подобар рисјанин и човек од претходниот ден.

ЖМ: Од вашите изјави и искрени статуси на фејсбук откривате и дека Бог ви подарил и три живота. Кога?

-Тоа се случи кога имав 28 години.Втор пат на 38 години, а третпат на 58 години,  кога дедо Бог ме врати од кома и за кратко ми ги врати сите спортски, музички и животни радости.

Соња Алексоска Неделковска