Петра е една од најубавите жени на светот: Денес живее бајка, а пред 17 години пред нејзини очи ѝ почина вереникот

Една од најпознатите манекенки на сите времиња, Петра Немцова, денес има 41 година, а оваа дама конечно може да каже дека го живее животот за кој отсекогаш сонувала, а во реалноста живее љубовна бајка.

Имено, познатата дама од Чешка ужива во љубовта со бизнисменот Бенџамин Ларече, но и мајчинството - парот во февруари минатата година го доби синот Боди. Среќата ја пронашла и во хуманитарната работа, ширењето позитивна енергија и егзотичните патувања, а се помалку е гостин на гала прослави и луксузни настани, како што тоа порано го правеше редовно.


Но, се чини дека таквиот живот, семеен и далеку од рефлекторите и е многу пријатен, со оглед на тоа што зрачи со добро расположение, и дека изгледа одморено, свежо и помладо и подобро од било кога! Кој би помислил дека зачекорила во петтата деценија од животот!

Таа често на Инстаграм објавува фотографии на кои е со синот или сопругот или каде што сите се заедно, а очигледно е дека мајчинството ѝ годи.


И иако Петра моментално е насмеана и ги преживува светлите моменти од својот живот, оваа дама некогаш поминувала низ многу тешки времиња и нејзината судбина ја одбележала голема трагедија.

Имено, во декември 2004 година, манекенката била на Тајланд со својот вереник - фотографот Сајмон Атли, кога ги погодило разорно цунами.

Симон го загуби животот со давење, а неговото тело беше пронајдено дури четири месеци подоцна. Петра некако успеала да преживее - осум часа била гола и со повредена карлица се држела за палма и чекала помош. На крајот пристигнал хеликоптер да ја земе, а таа била однесена во болница со тешки внатрешни повреди и неколку скршени ребра. Последиците од повредите биле огромни - манекенката морала повторно да научи да оди и четири месеци се опоравувала од се‘.


- Коските ми беа скршени по целото тело, тоа беше невозможно, но мислам дека визијата што ја имав да се вратам и да помогнам беше толку силна што ми помогна во сопственото заздравување. Има лекари кои велат дека некои луѓе се подобруваат од истите повреди за две години, а јас се излеков за четири месеци - изјави тогаш Петра.

По трагедијата ја основала фондацијата „Среќни срца“ која им помага на луѓето ширум светот по природни катастрофи, но и гради училишта и обезбедува сместување и храна за загрозените, а и денес е целосно посветена на тоа.

- Животот има свои начини да ви дава лекции. Бев исклучително успешна. Бев среќна со мојот вереник и уживавме во романтичен одмор. За неколку секунди доживеавме убавата прошетка да се претвори во пекол, кој уништи многу животи. Научив дека се е можно во секое време. Никој не знае што ќе се случи и секој момент е подарок. Кога бев во болница и не знаев дали некогаш ќе одам, си реков: „Па, уште имам очи и уши!“. Го изгубив партнерот, но сепак имав семејство. Благодарноста може да ја надмине секоја безнадежност – рече Немцова 2019 година.


Фото: Инстаграм

Беше невидена убавица, а денес „копа“ во контејнер: Остана без заби и се тушира еднаш годишно - вртоглав пад на манекенката