Pink-brown: Нова хит нијанса за привлечни бринети
Ако не сте природна русокоса, или не сакате драматично да ја промените бојата на коса за да постигнете нежни розеви тонови, новиот пролетен тренд е како создаден за вас.
Тонот на оваа нијанса е во мода веќе неколку години. Дури ни познатите дами и кралиците на социјалните мрежи не и одолеаа на оваа прекрасна нијанса. Девојките со светла коса со задоволство ги прифатија трендовите "Rose Gold" и "Blorange", односно комбинација од розеви тонови на плава и портокалова основа.
Што е со бринетите? Дамите со природна или темно фарбана коса може сега да и дадат розев магичен тон на нивната коса за претстојната сезона.
Розoво-браон боја на коса им стои речиси на сите девојки со смеѓа и црна коса кои не можат да ја добијат оваа нијанса .
За добивање на розева браон коса се користи комбинација на бланш кој е измешан со црвени и смеѓи бои. Розе тоновите може да се применат во прамени или на целата коса и се совршен начин да ја освежите својата коса за време на летото.