Пишувајте за риалити ѕвезди, немојте за мене: Сека Алексиќ строга кон медиумите

Српската пејачка Сека Алексиќ секој ден ужива во својот дом кој личи на вистински мал рај. Често ја гледаме во костими за капење, како се забавува со синовите покрај базен. Имено пред некој ден под нејзина фотографија оставила коментар дека не е бремена, туку само дебела.

Денеска се огласи по повод вестите кои медиумите ги напишаа поради овој коментар.

- Ќе ги замолам медиумите да не прават шпекулации и да не ги навлекуваат луѓето само за да прочитаат некоја вест која така сензационално сте ја напишале, а во самиот текст нема ништо специјално. Исто така ве молам да не ги пренесувате моите шеги и коментари под фотографиите каде се шегував со следачите и напишав „не сум бремена само дебела.“. Пишувајте за риалити ѕвезди тоа ви оди подобро. Немојте за мене, ве молам. Тоа мене не ми значи ништо- се обрати Сека.