Пита од готови кори со афион и вишни: Засладете се како Бог

Добивај вести на Viber

Ужина која долго се памети...

Состојки:

250 грама афион;

150 грама вишни;

350 милилитри млеко;

4 лажици шеќер;

екстрат од ванила;

кора од лимон;

1 лажица масло;

3 лажици вода;

6 кори за пита.

Подготовка:

Загрејте ги маслото и водата. Со тоа ќе ги премачкувате корите. Потоа загрејте го млекото и во него додадете ги шеќерот и екстратот од ванила. Прелијте го мелениот афион во кој ја имате додадете кората од лимон. 

Земете една кора, премачкајте ја со маслото и водата, ставете друга и повторете ја постапката. Врз тоа ставете ја третата кора, а врз неа ставете од филот од афион и вишните. Наросете шеќер и потоа замотајте. Истото повторете го и со другите три кори. 

Питата печете ја на 200 степени, само 35 минути.

фото: IGY THE COOK

* ПР - објава