Плачев повеќе од било кога: Орландо Блум поминува низ тежок период, иако очекува ќерка

Актерот во солзи раскажа дека последните седум дена му биле едни од најтешките во животот

Актерот Орландо Блум низ солзи им откри на фановите дека поминува низ тежок период, и покрај тоа што на свет само што не дошла ќерката која ја очекува со пејачката Кети Пери.

Имено, тој неодамна додека се тетовираше откри дека починал неговиот најдобар пријател, кучето по име Мајти, по кој трагаше една недела и нудеше 5000 долари за тој што ќе го пронајде. На своето драго милениче му посвети тетоважа на градите.

- Мајти е сега на другата страна. После седум дена, во кои го барав од изгревање до заоѓање на сонцето, во доцните часови, денес седмиот дена, ја пронајдовме неговото ремче. Оваа недела плачев повеќе од билокога, но тоа ме исцелува. Секој камен го пребарав, се пикнав во секоја дупка, го пребарав секој двор. Имав две кучиња трагачи и тие направија се што можеа.

Се чувствувам многу благодарно, бидејќи мојот мал Мајти ме научи дека љубовта е вечна и ми покажа што е вистинска лојалност. Сигурен сум дека ме гледа од горе додека плачев во секој двор и знам дека направив се. Беше многу повеќе од мој пријател. Жал ми е. Те сакам- напиша Блум.