По 13 години брак и три деца, се разведуваат Том Брејди и Жизел Бундхен: Мислам дека сега нема враќање назад
Изминатите неколку недели започнаа гласините дека двајцата живеат одвоено по нивната епска расправија и сега размислуваат да ја поделат својата империја од повеќе милиони долари.
Бразилскиот модел Жизел Бундхен (41) и играчот на НФЛ Том Брејди (45) ангажирале адвокати за развод. Тоа следеше по бројните гласини за расправии и живеење на две различни адреси.
- Никогаш не мислев дека ова ќе им биде крајот, но се чини дека е... Мислам дека сега нема да има враќање назад. И двајцата имаат адвокати и гледаат кој што ќе добие и какви ќе бидат финансиите - изјавил изворот за NY Post.
Жизел и Том се во брак 13 години, од 2009 година и имаат три деца, синовите Џек (15) и Бенџамин (12) и ќерката Вивијан (9).
-Направив се' за да го поддржам. Се преселив во Бостон и се концентрирав на создавање средина исполнета со љубов кон моите деца и го поддржав него и неговиот сон - Жизел претходно објасни како ја ставила сопствената кариера на пауза за семејството.
извор:24seta