По 15 години од разводот се борат за прекрасна цел: Анистон и Пит ги здружија силите

По 15 години од разводот, актерите Џенифер Анистон и Бред Пит заедно ќе учествуваат во акцијата „Fast Times at Ridgemont High“, која ќе се бори за собирање на средства за оние кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Џенифер и Бред се придружија на специјалното онлајн вклучување, во кое ќе бидат и други познати личности, а истото ќе биде емитувано во чевторток.

Првите фотографии од вклучувањето дојдоа до јавноста, а на истите гледаме како изгледаат и двајцата за време на разговорот, кој ќе им помогне на многумина.

Покрај нив, во оваа акција ќе имаме можност да ги видиме и Морган Фриман, Џулија Робертс и други, а овој потег на познатите многумина го пофалија.