По 18 часа: Мајка со деца извлечени од под урнатините во Измир

По вчерашниот силен земјотрес кој го зафати турскиот град Имир, спасувачките екипи се на терен и со часови трагаат по преживеани лица и ги извлекуваат од под урнатините. За жал има и жртви.

Мајка и три деца беа безбедно извлечени по 18 часа од под урнатините на една зграда во турскиот град Измир, кој беше најсилно погоден од земјотресот.

Спасувачките екипи сè уште се борат да го извлечат четвртото дете, пренесува Ројтерс.


Откако Турција и Грција беа погодени од силен земјотрес, жртвите сè уште се бројат, но исто така се трага по преживеаните.

Градоначалникот на Измир, Тунк Соер изјави дека околу 180 луѓе сè уште се заробени под урнатините.


Фото: ЕPA-EFE / ERDEM SAHIN