По 27 години борба за свое чедо, 52-годишна жена од Кочани роди девојче

Убавата вест за породувањето на 52-годишна жена од Кочани доаѓа од болницата за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“.

Жената цели 27 години се соочувала со стерилитет, но никогаш не се откажала и денес му се радува на здраво женско дете.

Ин витро оплодувањето и породувањето е извршено од лекарски тим од болницата, на чело со др. Зоран Илиевски.

Инаку, ова е прва бременост на родилката која на свет донесе здраво девојче.

На убавата вест не остана рамнодушен ниту градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој најави скромен подарок од општината за новороденчето и мајката.


Фото: screenshoot/ Фејсбук/Видео/TV Star