По 30 години Италија повторно победи на Евровизија

Вечерва во Ротердам, Холандија се одржа 65 - тото издание на најголемиот музички настан Евровизија. Во финалето се претставија 26 држави, но само една од нив ја однесе победата дома.

Оваа година трофејот заврши во рацете на претставниците на Италија, познатиот бенд Манескин. Со песната „Zitti e buoni“ освоија 524 гласови, од кои најголемиот број беа од публиката.


Франција го освои второто место, а Швајцарија третото.