По 40 години брак го оставила сопругот милијардер за жена: Потоа тој започна кампања на терор, а сѐ заврши вака

Добивај вести на Viber

Карил Ингландер (64) го напушти својот сопруг милијардер Израел Ингландер (74) во 2017 година, откако се заљуби во друга жена - трговец со уметнички дела Доминик Леви (55). Но, нивниот развод беше финализиран пред само неколку дена, а Израел Инглендер, еден од најбогатите луѓе во светот, на Карил и плати неверојатна сума од една милијарда долари за развод.

Тој, наводно, се согласил да ја плати оваа неверојатна сума за релативно мирно и тивко да го заврши разводот, откако го скандализираше високото општество во Њујорк, оставајќи го Ингалндер „длабоко понижен“ во очите на јавноста, како што го опишаа извори блиски до богаташот.

Карил и Израел беа во брак 40 години и имаа три возрасни деца во времето кога таа реши да го остави за Доминик, ко-основач на престижната меѓународна уметничка галерија Леви Горви.

Но, пред оваа вонсудска спогодба, Карил била принудена да поднесе граѓанска тужба до Врховниот суд во Њујорк, а во тужбата учествувал и нејзината партнерка Доминик. Таа во тужбата навела дека нивната врска била уништена во 2016 година поради неговото неверство, а во Мис Леви се заљубила дури подоцна. Понатаму се тврди дека милијардерот „збеснал“ кога дознал за аферата на сега веќе поранешната сопруга и дека „почнал да ги тероризира двете жени за да ги принуди да се разделат, верувајќи дека ќе ја исплаши Керил и дека ќе ја врати назад“. 

„Како што отворено им призна на многу луѓе, вети дека ќе ја „уништи“ Доминик и нејзиниот бизнис“, продолжи тој. Покрај тоа, се наведува дека Инглендер ангажирал приватни детективи за постојано да ги следат и во Њујорк и во странство, и тајно да ги фотографираат, како и да им ги хакираат телефоните и мејловите. Исто така, се тврди дека Инглендер им кажал на децата за сексуалните преференции на Керил без нејзина согласност, како и дека ја открил нејзината врска со Доминик, притоа нарекувајќи ја змија. 

Во тужбата понатаму се наведува дека Инглендер спровел „кампања на терор“ поради која Керил „едвај јадела и спиела“. Во таква состојба, таа наводно се согласила на постбрачен договор, „губејќи милијарди долари заеднички имот што заедно ги стекнале за повеќе од 40 години брак“.

Но, тужбата, поднесена на 9 февруари, беше повлечена една недела подоцна, а сега разводот е финализиран вонсудски.

„Керил е среќна што ги реши нивните прашања на приватен и пријателски начин. Договорот не дозволува ниту една страна да разговара за неговите услови“, рече Питер Бронштајн.


Фото: Профимедиа