По 5 месеци преговарање и тоа го решија: Еве кому му припадна старателството над децата на Шакира и Пике
И тоа го решија
Откако во
јавноста протече веста дека завршила 12-годишната љубовна врска меѓу Жерар Пике и Шакира, кои имаат два сина вонбрачно, познатиот
(разделен) пар не можел да се договори на кого да му „припаднат“
децата. Сега и тоа го решија.
Милан (9) и Саша (7) биле желби и на татко им и на мајка им. Познатиот ас на ФК Барселона сакал неговите синови да растат со него, во тој шпански град, а славната пејачка - да бидат со неа во Мајами и таму да пораснат.
Четири пати се сретнале со адвокати на оваа тема, четири пати се разделувале без договор.
Но, и тоа го постигнале.
Шпански „Периодико“ пишува дека „Пике е тој што попуштил, па Милан и Саша од почетокот на 2023 година ќе живеат со Шакира во Мајами“. Тие прво ќе го поминат Божиќ во Барселона со својот татко, а потоа ќе се преселат, а Пике ќе може да ги посети на Флорида кога ќе посака“.
На крајот од средбата, адвокатите се појавија пред претставниците на медиумите и рекоа „Готово е, постигнат е договор“, а потоа беше објавено и заедничко соопштение на Пике и Шакира во кое се наведува следново.
-Сакаме да објавиме дека потпишавме договор со кој се гарантира благосостојбата на нашите деца и тоа ќе биде потврдено на суд. Нашата единствена цел е да им обезбедиме на децата максимална безбедност и бараме да се почитува нашата приватност. Го цениме покажаниот интерес на јавноста и се надеваме дека нашите деца ќе можат да го продолжат својот живот со потребната приватност во мирна и безбедна средина – пренесува хрватскиот портал „Спортске новости“ што се наведува во соопштението.
Можеби ќе ве интересира: