По 9 години брак, во друг се заљубила до уши: Љубовната приказна на Мег Рајан, по која ништо во животот не ѝ било исто

И покрај тоа што беше најголемата филмска ѕвезда во деведесеттите, актерката Мег Рајан одеднаш исчезна, а улогите што ги добива не се ни блиску до оние кои ја прославија. Многумина веруваат дека за се‘ е виновна аферата за која зборуваше светот...

Актерката Мег Рајан е жена која ги одбележа деведесеттите и почетокот на 2000-тите со своите шармантни улоги во бројни романтични комедии кои сега се сметаат за култни остварувања во овој жанр.

„Кејт и Леополд“, „Топ Ган“, „Луди од љубов“... Има многу наслови по кои се сеќаваме на врвот на кариерата на Мег Рајан, кој заврши некако нагло, а многумина веруваат дека сè започнало со нејзиниот љубовен скандал.

На Денот на вљубените во 1991 година, Мег му рече „да“ на актерот Денис Квејд, со кој следната година го доби синот Џек. Двојката живееше хармонично со години, а во 2000 година кога парот објави дека се разведуваат шокираа многумина.

И додека сите се прашуваа што се случило меѓу двајцата, се шушкаше дека љубовта не згаснала баш така и дека актерката имала афера со згодниот колега Расел Кроу. 

Мег и австралијскиот актер се запознале на снимањето на трилерот „Доказ за животот“ во 2000 година, а медиумите тогаш објавија дека омилената филмска слатка на сите е „екстремно занесена“ со Расел Кроу. Нејзината колешка и пријателка Кери Фишер тогаш изјави дека е среќна што незина блиска пријателка го освоила актерот.

- Тој е тип на кој тешко може да се одолее. Навистина ми е драго тоа што имам другарка што „успеа да го добие “. Бидејќи не можам да го имам, сакам да знам каков е - ако во одреден момент таа сака да ми каже - се пошегувала Кери.


Наскоро сите зборуваа за нивната врска како јавна тајна во Холивуд, а многумина тврдеа дека Мег го изневерувала Квејд со Австралијанецот.

Реакциите беа такви што, по објавувањето на нивниот филм, Мег Рајан одлучи да не учествува во промотивната турнеја бидејќи очекуваше целиот печат да ја прашува за нејзината врска со Расел Кроу. Режисерот Тејлор Хекфорд ја обвини нивната афера за неуспехот на „Доказ за животот“ во кината.

Мег никогаш не негирала дека била со актерот, а еднаш опишала колку е тешко да се живее и функционира нормално откако се дознало за нивната романса.

- Оваа работа се случи и ја имаше во сите таблоиди, ќе прошетав низ ходникот и се ќе запреше. Луѓето престануваа да зборуваат и ме гледаа. Потоа ќе влезев во лифтот и наместо да се распаднам, само ќе почнав да се смеам. Она од што луѓето постојано се плашат најмногу - јавна оценка или неодобрување - нема моќ ако се познавате себе си - рече во една прилика Мег. 


Нејзината врска со „Гладијаторот“ траеше помалку од една година: тие се заљубија на почетокот на 2000 година и се разделија пред крајот на декември. Наводно, Расел бил шармиран од актерката и сакал веднаш да основаат семејство, но се‘ било пребрзо за Мег.

– Расел сакаше да се ожени, да има деца со неа – изјавил за People извор близок до австралијскиот актер. - Рајан сметаше дека вниманието и подароците на Расел, вклучително и кученце и винтиџ Бјуик ривиера од 1963 година, беа прерано. Тоа беше само премногу.

Мег подоцна се осврна и на тврдењата дека Расел Кроу бил прељубник и дека нивната афера имала негативно влијание и врз неговиот имиџ.

- Расел не ми го уништи бракот. Тој дефинитивно беше таму на крајот, но ништо не беше негова вина. Бев хаос. И јас го повредив на крајот. Не можев да бидам во долга врска. Тогаш не беше време за тоа. Затоа излегов од се‘ - рекла Мег.

Во тоа време, таа исто така истакна дека нејзиниот поранешен сопруг Денис Квејд бил неверен и дека тоа е „одлична приказна“, но дека „тоа не е реалноста на нејзиниот брак“.

-Денис не ми беше верен долго време и беше многу болно. Повеќе за се‘ дознав дури по разводот – изјавила актерката, а Квејд ги демантираше нејзините тврдења. 


Дали Расел Кроу бил виновен за разводот или не, факт е дека кариерата на Мег Рајан тргна надолу по нивната љубов. По разводот глумеше во филмовите „Dark Obsessions“ и „Blonde between the Ropes“, по што направи тригодишна пауза од Холивуд.

- Прегорев. Веќе не се чувствував како да знам доволно за себе или за светот што сакав да го рефлектирам како актерка. Се чувствував толку изолирана - признала Мег еднаш. - Имав чувство дека стојам и го гледам својот живот низ прозорецот.

Таа се врати во 2007 година, но оттогаш глумеше во само 13 проекти, кои не поминаа со голем успех.

Таа никогаш не ја обвини аферата со Расел ниту за разводот, ниту за неуспехот на нејзината филмска кариера, а денес се сеќава на врската со него како епизода на враќање кон себе и нормално поглавје во ненормален момент.

- Мојот брак беше... многу нездрав брак - заклучила таа во едно интервју.


Фото: YOUTUBE PRINTSCREEN
Видео: Youtube