По четири месеци од раѓањето на синот повторно бремена: Моделот сподели слатка анегдота кога дозна дека повторно очекува бебе

Фудбалерот Предраг и познатата српска инфлуенсерка и модел Ана Рајковиќ во моментов се во самоизолација во Белград, и едвај чекаа да дојдат во Србија, од францускиот град Римс, каде што живееја изминатите месеци.

За српски „Курир“ Ана раскажува како се чувствувал и како реагирал Пеџа кога му кажала дека е повторно бремена, неколку месеци после првиот пораѓај.

- Бев многу возбудена. Пеџа и мојот кум чекаа во дневната соба, а јас отидов да го направам тестот. Секако, јас бев 100 проценти сигурна дека сум бремена, со оглед дека веднаш ги препознав симптомите. Сите чекавме заедно да видиме што ќе се случи. Бидејќи го купивме тестот на француски јазик, тој покажа збор на француски и не знаевме што значи тоа. Веднаш набрзина преведовме. Се смеевме многу.

Малото синче Реjaа има само девет месеци и кога новиот член на семејството ќе дојде, Рејаа ќе биде година и месец дена.


извор:glossy.espreso

По три месеци од раѓањето на синот повторно бремена: Интересна семејна приказна