По десет години неплодност добиле девојче па четворка: Сопругот поцрвене од шок кога ја слушна веста

По шест неуспешни обиди за вештачко оплодување, со последниот ембрион што остана од циклусот од кој се роди нивната ќерка Зои, Старлин Каферата (36) и нејзиниот сопруг Бил повторно беа во можност да станат родители. Неверојатната Старлин, медицинска сестра за деца, остана бремена не со едно бебе - туку со четири. Но, не на сосема обичен начин.

-Лекарите рекоа дека мислеа дека еден ембрион се поделил на идентични близнаци, а потоа моето тело неверојатно произвело уште две јајца истовремено кога бевме на вештачко оплодување, кои беа оплодени природно“, рече Старлин.

- Тоа беше неверојатна вест! Последниот ембрион на крајот ми донесе четири деца! - вели таа.


- Ни требаше цела вечност да се прилагодиме на вестите. Знаевме дека е последен пат да одиме на вештачко оплодување, затоа се надевавме на бебе во најдобар случај. Никогаш не ни падна на ум дека ќе имаме повеќе од едно бебе - објаснила таа.

Двојката дозна за четирикратното изненадување во вториот месец од бременоста на Старлин.

- Бевме пресреќни кога дознавме дека сум повторно бремена. Само што помисливме дека сум бремена со едно бебе и бевме воодушевени што Зои ќе добие брат или сестра“, рече Старлин.

- Кога отидов на првиот ултразвук, лекарот само продолжи со скенерот и постојано гледаше на екранот. Ме фати паника да не ги видам чукањата на срцето или што било друго, а потоа таа се сврте кон мене и рече дека не може да верува - дека всушност се читаат четири различни отчукувања на срцето - кажа таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг Бил и таа помислиле дека слушнале погрешно, откако докторот покажал на екранот на кој било очигледно дека чукаат четири различни срца.

- Само што не започнав со хипервентилација. Ја извадив маската затоа што во еден момент не можев да дишам. Го погледнав Бил, и тој одеднаш поцрвене, претпоставувам од шок - таа раскажала како изгледал тој преглед, каде откриле дека не чекаат едно бебе, туку четири од нив.

Тогаш лекарите и објасниле дека покрај ембрионот кој бил вметнат во неа со вештачко оплодување и кој се поделил на два дела, нејзиното тело произвело уште две јајца и дека сите биле оплодени во исто време - што било вистинско чудо.

- Скоро десет години бевме толку очајни да основаме семејство. Сега одеднаш ќе станеме родители на пет деца - коментира таа.

Бременоста помина без проблеми, иако морала многу внимателно да се следи бидејќи бременоста со четири се смета за висок ризик. Старлин одела на ултразвук на секои две недели за да провери дали на сите четири бебиња им чука добро и дека растат правилно.

На 29-та недела таа била примена во болница за да ја сочува бременоста. Четворицата - синот Енцо и ќерките Ленон, Стела и Франческа - се родени кон крајот на јануари, кога Старлин била бремена само 31 недела, пишува британски Сан.

Но, неверојатната снежна бура во Тексас, во комбинација со ограничувања на посетите поради епидемијата, ги спречила Старлин и Бил да ги гледаат своите бебиња дури осум дена.

View this post on Instagram

A post shared by Bill Cafferata | REALTOR® (@billcafferata)


- Една недела не ни дозволија да влеземе во болницата поради невремето. Болницата остана без струја и единствениот начин на кој тие можеа да комуницираат со медицинските сестри во неонаталното одделение беше преку FaceTime. Тоа беше страшно, се присети Старлин.

- Се молзев на паркингот во болницата, а потоа ќе дојдеше една од медицинските сестри од неонаталната единица и ќе им го однесеше млекото на бебињата. За среќа, по завршувањето на невремето, тие не пуштија да одиме во болница, но само на ограничена посета - се присетува таа.

- Четворките напредувале многу добро. Во февруари, можевме да однесеме две бебиња дома, а во март, другите две - рече таа.

- Фактот што можеше одеднаш да ги милуваме сега кога сакавме беше неверојатен. И Зои беше толку возбудена, уште од раѓањето, едвај чекаше да ги запознае братот и сестрите - кажа таа.

- Неверојатно е конечно да ги видиме сите заедно. Кога ќе бидат доволно возрасни за да разберат, ќе им кажеме на сите за нивното неверојатно раѓање. И, како нивните мама и тато се обидуваа да имаат дете десет години, а потоа одеднаш ги имаа петмина - заклучи Бил.


Извор: sun.co.uk

Фото: Instagram