ПО ГОДИНА ПОМИНАТА ВО БОРБА СО РАКОТ: Ивана и Ману Торес ќе истражуваат една африканска земја

Добивај вести на Viber

Оваа година за нас беше малку поинаква од изминатите неколку, вели Ивана Торес и додава дека животот е патување,  и зад секоја нова кривина ни носи нови изненадувања.

Ивана и нејзиниот партнер, Ману Торес патуваат по светот и по оваа своја авантура станаа познати во јавноста.

„Некогаш има убави изненадувања, некогаш не онакви какви што посакуваме. По завршувањето на четири годишното патување со мотор околу целиот свет, Ману заболе од рак на бешика. За среќа брзо го откривме проблемот и се оперираше. Оваа година ја посветивме во борба со рак, но во ниту еден момент не го запоставиме она што нѐ прави среќни. Патувањето.  И покрај тоа што секои три месеци Ману има терапија и прегледи, секое слободно време го користиме да патуваме, тоа во моментот е и наша најдобра терапија.  Изминатите два месеци патувавме со нашето старо-ново комбе VW T3 syncro, од Македонија до Шпанија, поминувајќи низ Балканот и Европа“, вели таа.


Повеќе на Фактор.мк