По планинарењето Каролина Гочева откри уште една активност: Што прави пејачката во вечерните часови?

Како и сите музички ѕвезди, така и нашите изминативе неколку месеци се без работа. Поточно сите нивни настапи се откажани, а единствен контакт со нивните обожаватели им се „лајв“ концертите на социјалните мрежи. На некои ова им падна навистина тешко, додека други овој период го искористија за да посветат повеќе време на себе и своето семејство.

Принудниот одмор навистина знае како да го искористи македонското девојче, Каролина Гочева. Откако имавме можност со сите нас да сподели како ужива во планинарењето, пејачката сега ни откри уште една нејзина активност. 

Имено, таа сподели „стори“ на својот Инстаграм профил на кое се гледа дека вози велосипед низ градските улици. Секако, оваа активност ја резервираше за доцните часови, бидејќи тогаш има благо опаѓање на температурите.