,

По првиот наш состанок, гледав во ѕид и уживав во пеперутките во стомакот: Љубовната приказна на Сара и Димитар Атанасовски

Добивај вести на Viber

Се запознале многу одамна, кога Димитар ѝ правел интервју за тогашната емисија „Тротоар“. А неколку години подоцна по првото нивно запознавање се сретнале повторно кога Димитар отишол на нејзин настап во локалот „Штала“.

„Таа вечер дефинитивно имаше хемија во воздухот помеѓу нас двајца, па така Димитар не губеше многу време и веднаш ми побара број, а веќе наредното утро ми пиша“, вели пејачката и харфистка Сара и откри кога се случил првиот нивен состанок:

„Првиот состанок ни беше во кинескиот ресторан во центарот на Скопје и до денес таму си прославуваме убави поводи…. Помнам дека уште во врска честопати се враќавме за убави поводи во тој ресторан, дури ни дадоа и амајлија за вљубени …

Инаку мојот впечаток после првиот состанок беше доста силен…. Димитар ми беше преубав, препаметен, привлечен, забавен, интересен….Кога се вратив дома си гледав во ѕид, си сублимирав впечатоци во глава и уживав во пеперутките во стомак….. “.

Пејачка како што вели, се сеќава на секој детаљ кога за прв пат ја бакнал Димитар.

„Секој четврток после снимање на епизода „Танц со ѕвездите”, цела екипа од Танцот одевме во кафана, во “Крчма”…. И така еден од четвртоците се случи… Излеговме надвор, набожемски ќе зборевме нешто .… “. 


Татко ми го знаеше Димитар од телевизија, многу го сакаше, му бeше фан 

Парот е заедно повеќе од  8 години, две години и неколку месеци биле во врска пред шармантниот водител да ја побара за жена, но како што ни откри пејачката, пред веридбата тие веќе живееле заедно една година, а следната 2017 година, направиле свадба. 

*Кога прв пат се запознавте со родителите? 

„Татко ми го знаеше од телевизија и многу го сакаше, му беше фан , а јас со неговите не се сеќавам кога се запознав официјално…. Мајка му ја имав среќавано уште на “Танцот”…   Памтам прв пат кога отидовме во Бојанчите и кога ги запознав баба му и дедо му… “.


* Најдраг спомен од свадбата? И најстресен?

„Најдраг спомен ми е цела свадба. Јас се забавував максимално скоро цело време, си поминав преубаво, неверојатно, и секогаш кога ќе се сетам или зборувам за свадбата ми навираат позитивни вибрации и среќа. Од зимање невеста, матично, делот со “Љубојна”, танцот, делот со “Брас Брадрс”, афтерот на базен…..   Ете само фотографирањето ќе го издвојам како малку напорен дел, во тоа нема забава да бидеме реални. Само стоиш и уста те боли од што држиш насмевка за слика“.

Љубовта зрее и зајакнува со годините 

Сара и Димитар ја имаат малата Илина која наскоро ќе стане дада. Среќните вести за доаѓањето на второто детенце пејачката и харфистка го соопшти со интересна објава на Инстаграм, а неодамна парот го откри и полот не бебето.

За тоа кој го одбра името за Илина, таа вели:  „Јас го посочив, но ни се допаѓаше и на двајцата од прва и веднаш се согласивме. Што не е случај сега за второво бебе што го очекуваме…. Никако да најдеме машко име што ни се допаѓа и на двајцата…. “.

* Кој е по љубоморен Вие или Димитар?

„Па никој… Сме имале по еден испад (на љубомора) до сега и двајцата, ама љубовта победи на крајот. Во нашите професии да имаш љубоморен партнер е невозможно… Или пак ако е така, тогаш сигурно ќе страдате и двајцата… Бавно, тивко, ама сигурно би следел крај…. Што знам всушност, каква и професија да има човек мислам дека љубомората е непријател на бракот, партнерството и другарството…. “.

* Ги делите ли домашните обврски?

„Да. Летно време Димитар е outdoor, јас сум indor , а кога е зима се делиме внатре. Согласно обврските на работа што ги имаме (имам и јас напорни периоди, има и Димитар). Но се распределуваме лесно, некогаш и без муабет едниот од нас знае да осети кога другиот е изморен и да превземе“.  

* Романтичен ли е Димитар? Знае ли често да Ве изненади со подароци или цвеќе? Романтични ли сте Вие по природа?

„Па да, Димитар буквално нè посипува со подароци и мене и Илина. Многу често знае да го направи тоа, да не речам еднаш неделно…. Ужива да нè изненадува и размазува, а богами и нас не ни е лошо.

Што се однесува до мене, незнам… Чудно ми е сама за себе да си кажам дали и колку сум романтична…. Сум хедонист и сакам да уживам во работите во секој случај…. “.

* Особина кај Димитар која особено ја цените?

„Има многи такви, но ајде да почнеме од одговорноста. Димитар е екстремно одговорен човек, а тоа е особено важно за еден маж во еден брак. Да биде стабилен темел на семејството, заедно со мајката се разбира.

Смешен е и позитивен, тоа е од есенцијално значење за мојот дух, а и духот на цело семејство. Да сме забавни и насмеани, наместо досадни и намуртени 

Има уште еден куп особини кои му ги сакам многу, но сигурно ќе ми требаат уште два дена куцање,  така што ќе застанеме тука“. 

* И двајцата имате јавни професии, како се релаксирате, народски речено каде фамилијарно го наоѓате мирот?

„Барем по еднаш годишно одиме на зимски и летен одмор, гледаме тие одмори да ни се хајлајт на се што правиме и да не држат мотивирани постојано. Бираме каде ќе одиме 6 месеци однапред … Во меѓувреме знаеме да тераме викенди на планина, да отидеме до Охрид или Солун или што знам јас, зависно од приликите и апетитите, но главно гледаме да прошетуваме и да се релаксираме. Пример годинава бевме 3 дена во Штип (периодот на Макфест, една од целите беше да го следиме фестивалот) и си поминавме преубаво, мини одморче. Дружби, излегувања, Макфест, уживање…. Често ни е убаво и дома реално…. Мислам знаеме да се релаксираме и дома…… Зимно време спалната ни е прибрежиште, а летно - дворот…. Не мора да е на месечината за да си направиш да ти е убаво. Може да е било каде. Среќата сепак доаѓа од внатре“.  

Велат, љубовта можеби не избледува со годините, но дека не е иста како во првата година од бракот? Што мислите вие за ова?

„Љубовта зрее и зајакнува со годините. Врската која ве поврзува станува се посилна. Се учите взаемно со партнерот и станувате се повеќе свесни за работите што ги сака/ не ги сака, односно работите кои го прават среќен или тажен. А со знаење е лесно. Ги правите само убавите работи и убаво е. Не дека никогаш нема да се скарате, но ќе си простите…зошто знаете да се разбирате и сочувствувате еден со друг… “.


Наталија Миланова

Фото: Приватна архива