По разделбата со Џенифер Лопез, живее со полни гради: Алекс Родригез направи незаборавна забава за 46-тиот роденден

Алекс Родригез се најде во центарот на вниманието на јавноста во 2017 година кога излегуваше со латино дивата Џенифер Лопез, а претходно беше во брак со жена која наводно ја изневерувал со години

Американскиот безбол играч Алекс Родригез одигра 22 сезони во сениорската американска бејзбол лига и постигна завидни резултати на спортскиот терен. Сепак, последните неколку години тој го привлече вниманието на јавноста поради неговата врска со латино дивата Џенифер Лопез.

Роден во семејство на имигранти од Доминиканската Република во Њујорк, пораснал со полубратот Џо и полусестрата Сузи. Кога имал четири години, неговото семејство се преселило во Доминиканската Република, за подоцна да се пресели трајно во Мајами. Уште како момче тренирал бејзбол, и кога започнал професионално да се занимава со овој спорт, никој повеќе не беше рамноправен со него. Тој е еден од најпознатите спортисти од својата генерација во САД. 

Живеел затскриен живот до пред неколку години, својата прва сопруга, Синтија Круртис, ја запознал во салата за вежбање во Мајами. Се венчаа во 2002 година и добија две деца. Во 2008 година, Синтија поднесе барање за развод, наведувајќи ја емоционалната негрижа кон неа и нејзините деца, како и неколкуте афери што ги имала во бракот. Се шпекулираше дека тој, меѓу другото, бил и вљубен во Мадона, но кралицата на попот го негираше тоа.

Родригез започна врска со пејачката и актерка Џенифер Лопез во 2017 година, а две години подоцна тие објавија дека се свршиле. Честопати велеше дека никогаш во животот не сретнал некој толку силен како Лопез, и потенцираше дека таа е посветена мајка, ја сака својата работа и е одлична девојка. Во април оваа година, парот ги шокираше сите објавувајќи дека се разделуваат, а набргу потоа Џеј Ло објави дека се помирила со својот поранешен љубовник, Бен Афлек. 

Според извештаите на американските медиуми, пензионираниот безбол играч бил непријатно изненаден кога ги видел првите фотографии на Лопез со Афлек во мај, бидејќи се надевал дека не е готово меѓу нив и дека ќе му даде уште една шанса. 

Родригез неодамна објави на Инстаграм приказна со фотографии со поранешната сопруга Синтија Скуртис и откри дека се дружат во теретана. Се шпекулираше дека тоа го прави за да ја направи Лопез љубоморна, но нејзе и беше сеедно. 

Тој подготви роденденска забава во Италија оваа година, релативно близу до местото каде пред неколку дена уживааЏеј Ло и Бен Афлек. Тој сака на сите да им докаже дека по разделбата со пејачката ужива во целост, а на Инстаграм откри само дел од атмосферата. Пред да се качи на приватен авион, Алекс беше пречекан од големи светлечки бројки- неговите години, и се‘ беше украсено со големи балони.  

Храната и алкохолот беа незаменлив дел од неговата забава, и тој уживаше во јахта вредна 130 милиони долари со пријателите.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Како да сме поминале низ времеплов: Џеј Ло објави фотка со Бен Афлек + „уловени“ на јахта во истата поза како пред две децении