По рецептот на Меган Маркл: Вкусен банана колач

Украдете го рецептот на Меган Маркл и направете го највкусниот колач од банана

Познато е дека едноставниот колач од банана е омилен во светот, но она што можеби не сте го знаеле е дека дури и Војвотката од Сасекс може да го подготви. 

Меган Маркл го откри својот рецепт за време на посетата на Австралија со нејзиниот сопруг, принцот Хари. Војвотката, како вистински готвач, не ги откри сите нејзини тајни за подготвување, но на основните состојки додаде ѓумбир и колачот го збогати со парчиња чоколада.

Еве го рецептот за овој сочен колач од банана, кој сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Неопходно е:

3 зрели банани

80 ml кокосово масло

80 гр мед

80 г шеќер од кокос

2 јајца

1/2 лажичка арома од ванила

еден прст сол

185 гр `ржано брашно

40 гр какао во прав

1 лажичка сода

½ лажички цимет

80 гр темно чоколадо

Подготовка: измешајте го брашното, какаото, солта, содата и циметот во чинија. Во садот, изматете ги јајцата со кокосово масло и шеќер, аромата од ванила, медот и бананите.Исушените состојки додадете ги во садот со влажните состојки и потоа соединете ја смесата. На крајот додадете грубо сецкани чоколади. Истурете ја смесата во долг сад за печење кој сте го обложиле со мрсна хартија. Печете 35 минути на температура од 180 ° C. Со чечкалица проверете дали е печен. Печениот колач изладете го на собна температура.