По Сан Ремо повторно предизвика хаос: Кјара Ферањи во фустани кои испраќаат моќна порака до сите жени во светот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Привлече посебно внимание...

Најпознатата модна блокерка, Кјара Ферањи неодамна изненади со своето модно издание на фестивалот во Сан ремо, а сега отиде еден чекор понатаму.

Популарната трендсетерка, која на Инстаграм ја следат 28,6 милиони луѓе, промени неколку креации на сцената, а секоја беше поинтригантна од претходната.

Првиот модел беше син свилен фустан под кој имаше златен дел, кој личеше на излиена златна скулптура на женски гради, над кои носеше огромен катанец. Кјара се обиде со секој фустан да им испрати порака на жените ширум светот и да ги охрабри.

Златната боја доминираше, па така и следната креација беше инспирирана од женското тело, а акцентот повторно беше ставен на градите.

Третото издание привлече внимание само со ѓерданот во облик на матка, со што јасно покажа дека ја слави женственоста и дека тоа е нешто од што не треба да се срами ниту една жена. Ѓерданот е дизајн на Даниел Роузбери за „Schiaparelli“.

Кјара со овој перформанс уште еднаш го насочи вниманието кон себе и своите ставови, а ова предизвика спротивставени мислења, па некои посочија дека претерала, и дека ваквата поддршка не води никаде и не значи ништо.

фото: Принтскрин / Инстаграм