По семејниот скандал Северина „се фрли“ на тренинг! Погледнете зошто пејачката е затегната вака во петата деценија (ФОТО)

Пејачката Северина Вучковиќ е позната по тоа што се грижи за својот изглед, а и во петтата деценија изгледа фантастично. Популарната Севе се фрли на тренинг и теретана, а на својот Инстаграм профил објави слика од вежбалната.

 На сликата е Северина во спортска опрема како седи на пилатес топка со тегови.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Северина со фотографијата ги израдувала своите многубројни следбеници на Инстаграм кои ја опсипувале со бројни коментари:

„Што да кажам, Браво“, „Каква убавина“, „Се најдобро“, „Здрав живот“, „Здрава храна, теретана“ и многу други коментари.

Да потсетиме, Северина Вучковиќ неодамна направи скандал кој го потресе регионот кога се скара со сопствената сестра, а медиумите пишуваат и за проблемите со Милан Поповиќ во врска со нејзиниот син, како и за здружувањето на нејзините поранешни сопрузи Поповиќ и Игор Којиќ.


Фото: Инстаграм