По сообраќајната несреќа Гога Секулиќ откри дека има проблеми со ова: „Велат дека слушам селективно“

Добивај вести на Viber

Гога Секулиќ делумно го загуби слухот

Пејачката Гога Секулиќ пред неколку месеци доживеа несреќа на пешачки премин кога беше соборена од автомобил.

Таа тогаш се здоби со повреди на вратот и главата, но за среќа се опорави.

Сега ги изненади сите кога гостувајќи во една емисија откри дека не слуша добро на левото уво.

Пред 15 години, како што истакна, била оперирана и од тогаш – зуењето е постојано. Затоа планира повторно да оди на преглед, за да види дали конечно може да си го реши проблемот.

- Едвај слушам на левото уво. Пред 15 години направив операција на тапанчето, оттогаш имам постојано зуење. Ќе мора повторно да одам на преглед – изјави таа во една емисија.

Покрај тоа, таа се шали на нејзина сметка.

- Се зезаат на моја сметка, велат дека слушам селективно - рече потоа Гога со насмевка.


Фото: Youtube - screenshoot

„Ги видов промените на неполни две години, престана да ми се обраќа“: Гога Секулиќ за проблемот со кој се бори нејзиниот син