По стапките на мама: Запеа поголемата ќерка на Елена Велевска (ВИДЕО)

Не џабе се рекло дека гените се чудо. Поголемата ќерка на нашата фолк пејачка Елена Велевска, Софија заедно со својата мајка ја отпеа песната „Ој девојче, девојче“.

Велевска, со своите следбеници и обожаватели на социјалната мрежа Фејсбук сподели видео во кое таа и Софија ја пеат македонската народна песна, а тоа само потврдува дека девојката која веќе е тинејџерка го наследила талентот на мајка си.


Под видеото, Елена и Софија добија многу коментари и пофалби. „Браво за мама, а особено за Софија, преубави гласови“, „Одличен дует, браво за двете“, „Браво Софија, Еци имаш прекрасна наследничка“, се само дел од коментарите под објавата.

Инаку, Велевска има уште две деца ќерката Калија и синот Марко. 


Фото и Видео: Фејсбук/Елена Велевска