Побрзајте да се пријавите на 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон, пријавените до 29.08 ќе добијат бесплатна маица

Добивај вести на Viber

Виз Ер Скопски маратон оваа година со гордост го одбележува своето 20-то јубилејно издание - настан кој го поставува Скопје на картата на светските маратонски градови. Од својот почеток до денес, Виз Ер Скопски маратон прерасна во најзначајниот спортски настан, собирајќи илјадници тркачи од Македонија, но и од други држави ширум светот, кои заедно ја слават енергијата, духот и посветеноста кон спортот.

Пријавувањето за овогодинешното издание е веќе во тек, а доколку се регистрирате и платите котизација до 29.08.2024, имате можност да добиете бесплатна маица како дел од пријавата. Оваа година, маратонската трка се очекува да биде поголема и подобра од било кога претходно, со посебна програма, мотивирачка музичка плеј листа и активности за сите учесници и поддржувачи.

Доколку сѐ уште не сте одлучиле на која трка да се пријавите, сега е вистинското време, а сите потребни информации можете да ги најдете на следниот линк: -http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Пријавувањето завршува на 20.09.2024, но не чекајте до последен момент, затоа што организаторите може да ги затворат пријавите порано, во случај да се пополни предвидениот број на учесници.

Годинава се очекува бројот на учесници да биде рекорден, бидејќи досега се пријавени над 6.500 тркачи од повеќе од 50 земји. Спортисти од различни краеви на светот доаѓаат во Скопје за да ја искусат оваа незаборавна тркачка авантура и да ја почувствуваат гостопримливата атмосфера во градот.

Покрај традиционалната маратонска трка, Виз Ер Скопски маратон нуди и полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри, па во зависност од вашето ниво на подготвеност, можете да ја изберете трката која вас ви одговара.

Ова е одлична можност да се придружите на глобалната тркачка заедница, да ги надминете сопствените граници и да ја доживеете радоста на трчањето во еден од најубавите периоди од годината.

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од оваа спортска манифестација, пријавете се веднаш и обезбедете си место на стартната линија.

ПР објава