ПОЧАСТИЛ ТОРТА, НО НЕ ДУВАЛ СВЕЌИ: ЗОРАН ЗАЕВ НАПОЛНИ 44 ГОДИНИ

Македонскиот премиер Зоран Заев денeска полни 44 години. Вработените во неговиот кабинет утрово ги почастил со торта, но не дувал свеќи. Дознаваме дека на денешната владина седница бил видно расположен. „Постојано му пристигнуваа пораки, му честитаа и од дома и од странство“, ни открија од неговиот кабинет.

Премиерот Заев во хорскоп е вага. Претставниците на овој знак важат за вечни оптимисти, подготвени се да помогнат на секој кому му треба помош, размислуваат трезвено, секогаш се објективни, сакаат романтични гестови и го гледаат најдоброто во секого. Неговите најблиски го опишуваат токму на овој начин.