Почекавме неколку моменти и кога зачука срцето се слушна ракоплескање, а имаше и солзи, вели проф.др. Сашко Јовев кој ја водеше првата трансплантација на срце во земјава

Кога сѐ беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме за да го помогнеме овој процес и тоа се случи. Пресаденото срце работеше со очекуван ритам

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во Скопје за првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно пресадување на овој орган од починат донор. Целата операција траела 6 часа и завршила во 2 часот по полноќ. Со неа беше трансплантирано срце во телото на 54-годишен пациент.

За да се изведе операцијата на пресадување, прво се прави експлантација на срцето од донорот, а потоа тоа се трансплантира на пациентот на кој му е потребно.

Колку време траела операцијата за трансплантација и кој го водел оперативниот зафат прочитајте на факултети.мк