Почина новинарката Јасмина Спасовска

Замина прерано нашата драга колешка Јасмина Спасовска. Почина по долга борба со болеста.

Последните две години работеше како новинар-репортер во ТВ 24, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија. 

Јасмина остави силен печат во новинарството работејќи на теми од областа на културата, уметноста и општествениот живот. Како голем  вљубеник во убавите нешта, знаеше да се избори овие теми да допрат до обичниот човек и да го разубават денот на публиката на крајот од вестите, меѓу бурата политички информации. 

Во нашите срца засекогаш ќе останеш запаметена со голема насмевка, ведар лик и силен сјај во очите, драга Јамина. Почивај во мир.