ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

Извор: ФАКТОР
Почина познатиот угостител и претседател на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.
Здравко Јосифовски беше силен борец за правата на угостителите во времето на короната, кога се збрануваше или ограниуваше работата на угостителските објекти, од страв да не се шири таа болест преку контактите со луѓето.
Секогаш беше достапен за новинарите и храбро ги коментираше владините мерки за забрана на работењето на рестораните и кафулињата, што им нанесуваше сериозна штета на угостителските објекти, и беше меѓу прваите во битката за добивање на праведно обесштетување за оваа индустрија, која го претрпе најголемиот удар од таа заразна биолест.
Веста на фејсбук ја објави Љубомир Јосифовски, поранешен пратеник во македонскотпо Собрание.
„Замина Здравко.. Љубов моја батенце...“, напиша Љубомир Јосифовски на социјалната мрежа фејсбук.