Починала чистејќи го тоалетот: Две хемиски средства биле фатални за оваа жена

Смртта на оваа жена во Велика Британија покажува колку треба да се биде внимателен со хемикалиите.


Селија Семор, 34-годишна жена од Велика Британија, почина откако го исчисти подот во бањата со избелувач, мешајќи го со друго средство, пренесува британски Мирор.

Кога завршила со рибање на подот, таа добила неколку последователни напади на астма предизвикани од гасот создаден со хемиска реакција на две средства за чистење - избелувач и чистач за тоалети.

Таа починала откако поминала четири дена во индуцирана кома.

извор:mondo.rs