Почна дебатата: Д-р Кон за маски кои треба да ги носат учениците кои ќе тргнат на училиште

Кај нас се уште не се знае дали и кога ќе биде стартот и кои ученици ќе одат со физичко присуство, а кои ќе учат од дома онлајн, а светот, но и регионот веќе се подготвуваат за старт на учебната година. 
Сепак имаше најави дел од помалите ученици да се вратат во клупите. Тие најверојатно и ќе треба да носат заштитни маски. Познатиот српски епидимиолог Предраг Кон денеска тврди дека тие може да бидат и трислојни но и еднослојни, но може да се користат маски и од платно или каква било ткаенина. 

Инаку тој вчера тврдеше дека маските мора да бидат специјални, но денеска го промени мислењето.

„Тоа може да бидат и хируршки и платнени и сошиени маски. Ако забележиме дека почнува зголемен пренос на коронавирусот ќе забраниме децата да одат во училиште, изјави денеска Кон. 

Останува да се види какви ќе бидат препораките за кај нас. Засега нема протоколи и нема најави за заштитата на децата кои ќе одат на училиште.