Подготвени да се чувствувате убаво? Капитол мол го организира Дерма фест 3.0
Од бесплатни совети и третмани за лице до супер изненадувања ги очекуваат сите оние кои што ќе го посетат Капитол мол на 15. и 16. ноември 2019 година. Еден од најинтересните настани, создадени за уживање и нега на својата кожа, Дерма фест 3.0 ќе биде организиран трета година по ред во Капитол мол. Истиот е поддржан и од центарот за козметика и естетика Дерма Бела, а е под медиумско покровителство на „Женски Магазин“.
За време на овие два дена, секој ќе може да го постави прашањето „Кажи ми како до убава кожа?“. Самиот центар овозможува многу интересни активности, третмани и совети за кожа заедносо Дерма Бела, dm drogerie markt, Еликсир Ексклузив, 3 Queens Beauty Palace & Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar, 4 Bowling и Кидс Парк.
Агендата за настанот е:
15.11.2019
18.00 - 19.00 - After Work at Derma Fest – поддржано од 4 Bowling
19.00 - 20.00 - Derma Bella совети за “Како до убава кожа” со Доктор Весна Ѓорѓиеска - Биолошки Рефреш третман на лице
20.00 - 20.30 Горан Поповски - “Ајурведски третмани” Фондација Art of Living
20.30- 21.00 - FIND YOUR SECRET GIFT at DERMA BELLA (награди и изнанадувања за сите присутни на настанот) - Биолошки Рефреш третман на лице
16.11.2019
12.00 - 14.00 - Креативна работилница за деца со Кидс Парк - Тема: Преку здрава храна до здрав живот
14.00 - 15.00 - Derma Bella совети со Доктор Весна Ѓорѓиеска - “Како до кожа без акни?” - Третмани на лице и кожа
5.00-16.00 - Derma Bella совети со Доктор Весна Ѓоргиеска - “Како до убава кожа во сезоната есен-зима?” - Третмани на лице и кожа
16.00-17.00 - Горан Поповски - “Ајуверда суплементи и третмани” Фондација Art of Living
17.00-19.00 - Make up by Еликсир ексклузив - Make up туторијали со Еликсир ексклузив
19.00-20.00 Бесплатни третмани за лице, тестирање на производи за нега на кожа (лице, тело и сл.), претставување на производите, комуникација со присутните.