Подгответе посен бурек на турски начин

Еве што ви е потребно да направите посен бурек.

Состојки:

  • 500 гр спанаќ, блитва, компир… (по желба)
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • 300 мл вода
  • брашно по потреба
  • масло
Подготовка

  1. Кромидот испржете го па додајте добро зготвен и исечкан спанаќ, побиберете по вкус и динстајте уште неколку минути. 
  2. Замесете тесто од 300 мл вода, сол и брашно по потреба. Тестото не треба да биде премногу тврдо. Оставете го тестото да одмара половина час. 
  3. Потоа поделете го на 4 еднакви кори, ставете масло и оставете ги да отстојат еден час. 
  4. Потоа развлечете ја првата кора што потенко, пропрскајте со масло и склопете ја од сите четири страни, така што ќе добиете коцка. 
  5. Развлечете ја втората кора, исто така да биде тенка па посипете со масло. 
  6. Потоа ставете ја првата кора која е спакувана и свиткајте другa, третата кора исто така развлечете ја пропрскајте со масло, додајте фил, потоа повторно преклопете. Истата постапка повторете ја и со четвртата кора. 
  7. Печете во рерна на 200 степени околу половина час.