Погледнете ја куќата на Гоца Тржан и Раша Новаковиќ: Се покрижиле за секој детаљ

Куќа на три ката - погледнете како изгледа семејниот дом на Гоца Тржан и Раша.

Во 2019 година пејачката и нејзиниот сопруг се преселија во куќа во Миљаковац.

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот партнер, тапанарот Радомир Раша Новаковиќ решија да си дозволат вистински комфор, па во 2019 година купија куќа на три ката во Миљаковац, населба во српската престолнина.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)


Пејачката за време на снимањето на нејзиното реално шоу често покажува како изгледа внатрешноста на нејзиниот семеен дом.


Куќата има три спални соби, кујна, две бањи, голема дневна, трпезарија, додека во подрумот се наоѓа музичкото студио на Раша, а околу куќата има голема зелена површина, која двојката ја одржува.

Лена, ќерката на Гоца од првиот брак, при напорното реновирање доби многу поголема соба од таа што ја имаше во станот. Како што е познато дека Гоца сака да се шминка сама, сега на располагање има и голем дел за шминкање.

Омилено катче после огледалото за шминкање и градината, за Гоца е библиотеката. Обожава да чита, а последната година почнала да учи и странски јазици.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)


Не е тајна дека Тржан е одлична домаќинка и не бега од домашните работи. Таму подготвува лазањи, вафли, стек, ловечки шницли, скара, а може да меси и домашен леб. Во една прилика ги сними кујнските фиоки во кои прецизно чува зачини и намирници. Токму како што треба да биде во кујната на секој искусен готвач.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)


Додека Гоца е во кујната, нејзиниот сопруг е задолжен за косење на тревата и општо уредување на дворот.

View this post on Instagram

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)


извор:24sedam.rs