Поховани пилешки прсти: Рецепт за највкусните кои некогаш сте ги пробале
Состојки за пржење 1,5 кг пилешко:
360 гр меко брашно
1 лажица сол + 1 лажица масло
1 лажица шеќер
1 лажичка лук во гранули
1 лажичка бибер
3 јајца
300 мл вода
Подготовка:
Измијте го пилешкото, па ставете го во поголем сад.
Посипете со една лажица сол и шеќер, па прелијте го со вода да кисне.
Оставете го така еден час.
Измешајте го брашното и сите зачини. Поделете на два дела.
Еден дел останува таков каков што е.
Во другиот дел додадете ги јајцата и водата и сè убаво измешајте.
Потребен ви е подлабока, но помала тава. Полијте повеќе од половина литар масло и оставете да се загрее.
Извадете го пилешкото и исушете го со крпа.
Натопете парче пилешко прво во течниот дел, малку протресете и потоа валкајте во мешавината од брашно и зачини, па повторно истресете го вишокот.
Ставете да се пече на малку поголема температура од средната.
Печете околу 13-14 минути.
Исцедете на крпа, па послужете.
Наздравје!
*ПР објава