Појадувала крофни, во училиште ја нарекувале кит и свиња: Стигнала до 171 килограм, па успеала да намали повеќе од 80

За промена во начинот на исхрана се одлучила на патувањето во Мексико кога сфатила дека тежината ѝ го уништува животот...

Поради лошата исхрана и крофни кои редовно ги јадела за појадок, оваа жена доживеала голем број навреди. Тогаш решила да сврти друг лист и да преземе контрола над својот живот, што резултирало во губење на скоро 80 ​​килограми.

Наставничката Кејси Канадеј (25) од Ајова, пораснала така што храната била центарот на нејзиниот живот. Без разлика дали нешто се славело, или таа се борела со досадата и некои тешки моменти со кои се соочувала во животот, Кејси секогаш се насочувала кон храната. Ниту Кејси, ниту нејзината мајка Моника Џори (55) немале сила и волја да готват, па тие живееле на големи порции храна за носење, па дури и јаделе крофни за појадок, а сето тоа придонело за додавање на килограмите.

Исто така, ужинка и биле разни чипсови и слатки задоволства. Кога имала само 11 години тежела 90 килограми, а висока 170 сантиметри, па често ја мислеле дека е наставничка во училиштето. Другите деца ја нарекувале кит и свиња, меѓутоа коментарите кои најмногу ја вознемирувале биле дека е убава за својата големина.

На само 14 години и дијагностицирале полицистични јајници, што може да доведе до сериозен хормонален дисбаланс. А, причината била прекумерната тежина. На крајот стигнала до 171 килограм.

Сѐ се променило на едно патување во Мексико, во јануари 2020 година. Обидувајќи се да се смести во седиштето во авионот, Кејси се соочила со неудобен лет, кој траел 4 часа. Исто така, ѝ било тешко да се качува по скалите до хотелската соба. Тогаш сфатила дека нејзината тежина го уништува нејзиниот одмор со партнерот. Знаела дека под итно мора да направи промена во својот живот.

Во јули 2020 година, откако успеала да намали 25 килограми со исхрана и вежбање, Кејси заминала на операција на желудникот, по која дополнително ѝ се намалил апетитот. За време на патот со губењето килограми намалила вкупно 80 килограми.

И понатмау понекогаш знае да се почести со некоја нездрава храна, но Кејси вели дека најмногу ѝ годат комплиментите дека сега изгледа посреќно.