Покачен холестерол и триглицериди – побарајте природни решенија
Состојби при кои се јавува зголемено ниво на вкупниот холестерол се нарекува хиперлипидемија, додека кога има зголемено ниво на триглицериди и значително намалено ниво на ХДЛ - холестеролот, кој има позитивни метаболистички ефекти, се нарекува дислипидемија.
Тривидапревенција
Нивоата на вкупниот, ХДЛ и ЛДЛ - холестерол и нивниот размер имаат директно влијание на здравјето на крвните садови и на срцето, па така покаченото ниво на вкупниот и на ЛДЛ - холестеролот и намалените нивоа на ХДЛ холестеролот, го зголемуваат ризикот за развој на болести, а од друга страна, адекватните нивоа на исти или намалени нивоа на вкупниот и ЛДЛ и зголемени на ХДЛ - холестеролот, го намалуваат ризикот од истата. Болестите на крвните садови и на срцето (кардиоваскуларни заболувања) се една од главните причини за предвремена смрт на населението во повеќето европски земји. Тие се исто така важна причина за инвалидитет и зголемување на трошоците за здравствена заштита. Најважниот фактор во развојот на болести на срцето и крвните садови е артериосклероза која се развива со текот на години и кога ќе се појават првите симптоми, болеста е веќе многу напредната. Најпознати и најтешки форми на кардиоваскуларни болести се срцев и мозочен удар, чии последици се најтешки.
Појавата на кардиоваскуларните болести е тесно поврзана со начинот на живеење (физичка неактивност, пушење), исхраната (дебелина), но исто така и со зголемување на нивото на масти во крвта, висок крвен притисок, дијабетес. Треба да се прави разлика меѓу:
- Примарна превенција, која се спроведува пред почетокот на болеста;
- Секундарна превенција, која се спроведува за време на болеста;
- Терцијарна превенција, која се спроведува кога ќе се појават трајните ефекти на одредени болести.
Примарна превенција
Третманот на хиперлипидемија и дислипидемија за примарна превенција на кардиоваскуларни болести се спроведува кај овие лица:
- Оние што имаат хиперлипидемија, немаат никакви симптоми, но имаат висок ризик за развој на кардиоваскуларни болести;
- Оние што поради присуството на повеќе фактори на ризик имаат 10 - годишен ризик од добивање кардиоваскуларни болести;
- Оние со вкупен холестерол кој е поголем или еднаков на 8 mg/dl или кога LDL-холестеролот е поголем или еднаков на 6 mmol/L – тоа најчесто е фамилијарна хиперлипидемија);
- Оние што имаат крвен притисок поголем од или еднаков на 180/110 mmHg;
- Оние со дијабетес;
- Блиски роднини на пациенти со кардиоваскуларни болести.
Целните вредности на вкупниот холестерол и LDL - холестерол се следниве:
- Во примарната превенција на кардиоваскуларни болести, вкупниот холестерол треба да биде помал од 5 mmol/L, а ЛДЛ - холестеролот помал од 3 mmol/L;
- Кај дијабетичарите и кај пациентите со постојни кардиоваскуларни болести, целите се построги – вкупниот холестерол треба да биде помал од 4,5 mmol/l и ЛДЛ-холестерол понизок од 2,5 mmol/L;
- Вредностите на „добриот“ холестерол (HDL-холестерол) кај мажите секогаш треба да биде повеќе од 1,0 mmol/L кај жените над 1,2 mmol/ l и триглицеридите треба да бидат под 1,7 mmol/L.
Стил на живеење
Хиперлипидемијата може да се третира со менување на стилот на исхраната и со лекови.
Исхрана
Во третманот на хиперлипидемија првиот чекор е диета или уште подобро, промена на начинот на живот и навиките во исхраната. За почеток е важно во секојдневните навики да се воведе физичка активност, најмалку 30 минути секој ден, да се контролира тежината и да се престане со пушење цигари.
Современиотживот е поврзан со малку движење, а резултат на прекумерната доза енергија и дебелината е хиперлипидемија. Храната треба да се состои од трите главни групи храна (протеини, масти и јаглехидрати).
Маститетребаданенадминуваат 30 отстоодвкупниотвлезнаенергијавотекотнаденот, а холестеролдане е повеќеод 300 mg наден. Акоиматезголеменонивона ЛДЛ-холестерол, требадаконсумирате:
- Интегралнижита, овесенили ‘ржан леб;
- Млечни производи со 1 отсто масти;
- Бистра супа со месо, зеленчук или риба;
- Сите видови бела и сина риба;
- Пилешко и мисиркино месо без кожа, варено посно говедско месо;
- Маслиново масло;
- Сите видови варен или суров зеленчук;
- Свежо овошје и конзервирано, но не засладено овошје;
- Природни овошни сокови, вода, чај;
Треба да се избегнуваат следниве продукти:
- Бел леб, лиснато тесто;
- Полно масно млеко и млечни производи (павлака, сирење, итн.);
- Свинско месо и сушени свински производи (колбаси, сланина);
- Путер, маст, маргарин;
- Пржен зеленчук (помфрит, чипс);
- Колачи со путер и маргарин, торти со кремови.
Малите количества алкохол, особено црвено вино (1-2 дл/ден) има позитивни ефекти, бидејќи го зголемува нивото на корисниот HDL - холестерол, па со тоа го намалува и ризикот од добивање на кардио васкуларни болести. Континуираното земање на големи количини на алкохолни пијалаци делува многу негативно, бидејќи тоа го поттикнува зголемувањето на нивото на триглицериди, води кон забрзана артериосклероза и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Во секој случај се препорачува диетата да биде комбинирана со природни препарати кои успешно го регулираат холестеролот и триглицеридите. Постојат природни препарати со кои мошне успешно може да се регулираат мастите во крвта, бидејќи делуваат со ист или многу сличен механизам како и синтетичките лекови. Еден од нив е Монаколин К (природен статин) кој се наоѓа во црвениот ориз. Преку клинички студии е утврдена неговата ефикасност во намалувањето на триглицеридите и холестеролот во крвта после 4 - 8 неделна примена.
Артичоката во народната медицина оддамнешни времиња се користи со цел да се поттикне работата на црниот дроб, односно за лачење на жолчка која ги преработува мастите кои ги внесуваме со исхраната. Артичоката го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го намалува нивото на лошиот LDL холестерол, а го зголемува „добриот“ HDL холестерол. Ова е резултат на нејзиното холеретично делување односно преку зголемено лачење на жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. За разлика од статините артичоката не ја намалува синтезата на холестерол туку само ја зголемува неговата разградба. На овој начин организмот се справува со вишокот на холестерол, а се намалува и нивото на триглицеридите.
М-р фарм. Лидија Николоска Пешталеска
* ПР - објава