Покажаа колку се сакаат: Богдана Ражнатовиќ и нејзините две сестри, уживаат во зимската идила на Копаоник

Добивај вести на Viber

Семејствата Ражнатовиќ и Шијан моментално престојуваат на Копаоник, каде што редовно одат секоја зима.

Ним им се придружи и најстарата сестра Родиќ, Наташа, која е многу активна на Инстаграм, каде што сега објави видео со Богдан Ражнатовиќ.

Имено, тие две целосно се „маскирале“ со зимска опрема, но не ја симнуваат насмевката од нивните лица.

Наташа била облечена во бела ролка, бунда со пердуви и бела шубара, додека Богдана е облечена во кафена бунда, а на главата има капа и качулка.

Претходно нејзината сестра Наташа на Инстаграм објави заедничка фотографија со сестрите Богдана и Бојана кои покажуваа колку се блиски и колку си се важни една на друга. 

Дочекот го прославија на Копаоник

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана неодамна заминаа на одмор на планината Копаоник каде ја дочекаа Новата година.

Вељко пред неколку дена ја покажа атмосферата од кафеаната каде се собра со пријателите и сите биле весели и расположени.

Синот и снаата на Цеца на цел глас пееја нејзиниот голем хит, а потоа се гушкаа пред сите, сето тоа Вељко го сними и јавно го сподели.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs