Поклон, владарко на стилот! Хајди Клум синоќа брилираше како снежна кралица во лед фустанот

Добивај вести на Viber

Хајди Клум дефинитивно е кралица на црвениот тепих! Малкумина во светот на шоу-бизнисот имаат толкава дрскост како неа, а од друга страна умешност да презентираат со стил дури и екстремно вулгарни креации.

А во понеделникот вечерта на премиерата на филмот „Avatar: The Way of Water“ во Лос Анџелес ја запали атмосферата со секси издание кое го привлече вниманието на сите присутни.

Прославената манекенка избра неверојатна креација од неколку слоеви проѕирен, тенок тул во боја на мраз, потсетувајќи не на вистинската Снежна кралица, ликот од познатата бајка.



Овој фустан го краси длабок шлиц кој ги оголи затегнатите, манекенски нозе на познатата 49-годишна дама, а кога позирајќи за фотографите се свртел на страна, се виде дека тоалетот е направен со т.н. странично деколте, односно шлиц кој ја откриваше страничната линија на градите на Хајди.

Познатата Германка дозволи фустанот да зборува сам за себе, па не претера со деталите - изданието го комплетираше со светкави, дијамантски обетки и влечки со високи потпетици од ПВЦ проѕирна пластика.



Хајди се одлучи и за ефикасна фризура, односно ефект на влажна, залижана коса, а кога станува збор за шминката - ги истакна очите со црни и бронзени тонови, додека нанесе речиси незабележлив, но светкав кармин во боја на кожа. 



Како ви се допаѓа ова издание?


ФОТО: Инстаграм Screenshot