Помислија дека сум претепана, се работеше за психичко насилство: Велевска објасни зошто му даде втора шанса на сопругот

Добивај вести на Viber

Сите го сфатија дека јас сум претепана. Јас сум одлично. Повеќе стануваше збор за психичко насилство кое со долг разговор успеавме да го балансираме и да воспоставиме рамнотежа, порача Елена Велевска вчеравечер во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ, откако беше прашана зошто одлучила да му даде втора шанса на сопругот кој пред неколку месеци јавно го обвини за семејно насилство.

Популарната пејачка е десет години во брак со бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Го запозна на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година.