Поради болест му ја ампутираа ногата: Почина кралот на смеата и човекот кој го обожававме Ел Риситас

Добивај вести на Viber

Шпанскиот актер и комичар познат низ целиот свет со прекарот Ел Риситас, кого сите го обожававме поради неговата заразна смеа, кој ги поправи нашите најлоши расположенија и стана легенда на Јутјуб, починал во болница во Севиља.

Целиот свет ја знаеше неговата смеа, па веста за смртта на комичарот ги растажи сите што го сакаа или барем еднаш го погледнаа славното видео, по што беше невозможно да не го сакаат.

Ел Риситас е роден на 5 април 1956 година во Севиља, а неговото вистинско име е Хуан Хоја Борха.


Делови од оваа емисија се титлувани на стотици светски јазици и се користат повеќе од милион ситуации, а смеата на оваа Интернет легенда ќе се памети уште долго.

Во средата попладне, Ел Рикитас бил префрлен од болницата де ла Каридад во Севиља, каде што живеел, во универзитетската болница Вирген дел Росио, каде за жал починал.

Како резултат на болеста, ногата му била ампутирана при крајот на животот.